Свет
Средба Трамп – Мамдани пред почетокот на Генералното собрание на ОН
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамадани по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарале за прашања за градот и неговите жители.
Мамадани посочи дека е изненаден што неговите средби со Трамп досега биле пријателски и покјрај тоа што американскиот претседател го исмевал како „мал комунист“ и „лудак“, а градоначалникот на Њујорк го нарекуваше Трамп „деспот“ и „фашист“.
– Па, мислам дека двајцата рековме дека би биле подготвени да разговараме ако тоа може да им користи на луѓето од овој град. Кога би бил подготвен да разговарам само со луѓе кои постојано се согласуваат со мене, ќе седев дома и ќе се гледав во огледало, посочи Мамдани.
Тој додаде дека е подготвен да ги остави на страна сите политички разлики со Трамп сè додека тоа му дава можност да се залага за потребите на Њујорк и неговите жители.
Мамдани посочи и дека на Трамп му предочил дека за време на нивната средбата во Њујорк нема да има забрана за одредени медиумски куќи.
– Тоа што го кажав е дека верувам во слобода на медиумите и верувам во важноста да се одговори на сите прашања без оглед дали се засноваат на комплимент или критика, посочи Мамадани.
Тој се осврна и на доаѓањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Њујорк на Генералното собрание на Обединети нации. Мамдани истакна дека Нетанјаху е воен злосторник, но оти нема моќ да го уапси по налог на Меѓународниот кривичен суд под обвинение за воени злосторства во Појасот Газа.
септември 23, 2026
