Connect with us

Свет

Праправнука на Де Гол на изборна листа на Национален собир за претстојните избори за францускиот Сенат

Наследничката на генералот Шарл Де Гол е на листата на крајно десната партија Национален собир (RN) за претстојните избори за францускиот Сенат, што, имајќи ја предвид француската политичка историја, претставува своевидна аномалија бидејќи основачите на таа крајнодесничарска партија беа жестоки противници на Де Гол, објави France Presse во вторникot.

„На прв поглед, разбирам дека може да биде малку изненадувачки“, но Националниот собир (RN) и Националниот фронт (FN) повеќе не се иста партија, вели 50-годишната Виржини де Гол, пра-пра-правнука на Шарл де Гол.

Француската крајнодесничарска партија Национален фронт го промени своето име во Национален собир во 2018 година.

„Никогаш не би била на листата на Националниот фронт, а Марин Ле Пен сепак раскина со својот татко“, Жан-Мари Ле Пен, додава таа, објаснувајќи го својот избор и наведувајќи дека се бори за „руралните области“.

Жан-Мари Ле Пен беше познат по контроверзни изјави, како што се за гасните комори како „детал од историјата“ или за „расна нееднаквост“, за што постојано беше осудуван на суд.

Листата на која се кандидира Виржини де Гол ја предводи Мари-Каролен Ле Пен, постарата сестра на претседателската кандидатка Марин Ле Пен.

Ова не е првпат потомок на познатиот генерал да се наклонува кон крајната десница.

Шарл де Гол, внукот на поранешниот претседател, беше втор на листата на Националниот фронт, зад Жан-Мари Ле Пен, за европските избори во јуни 1999 година и беше избран за член на Европскиот парламент врз основа на тоа.