Connect with us

Општини

Серафимовски присуствуваше на почетокот на жетвата на оризот во Чифлик

Со  зажнејување на традиционален начин, со срп, денеска во селото Чифлик, беше означен почетокот на жетвата на оризот. 

Демонстрирањето на овој вековно стар обичај е дел од програмата за одбележување на празникот на Општината Чешиново – Облешево и на одбележувањето 22 години нејзино постоење.

На овој настан присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. При тоа, Серафимовски рече дека му е чест  што овој важен момент го одбележува заедно со оризопроизводителите, луѓето кои со знаење, истрајност и многу труд ја продолжуваат традицијата.

-Оризот е препознатлив белег на овој крај, но и земјоделска култура од големо значење за македонското производство. Нека е плодна жетвата, а родот бериќетен, порача министерот Серафимовски.