Connect with us

Кошарка

Казинс: Сиксерси се посилни од Вориорси од 2019 година со три МВП играчи на списокот

Поранешниот центар на НБА, Демаркус Казинс, верува дека сегашниот состав на Филаделфија 76ерси изгледа посилен на хартија од неговиот состав на Голден Стејт вориорс од сезоната 2018/19.

Во 2019 година, Вориорс стигнаа до финалето на НБА, каде што загубија од Репторс ослабени без повредените Кевин Дурант и Клеј Томпсон.

– Сиксерсите сега имаат пет потенцијални Ол-стар играчи. Судејќи според имињата, би се обложил на Филаделфија. Тоа се двајца МВП играчи наспроти три МВП играчи. Филаделфија има три МВП играчи во својата почетна постава, истакна  Казинс.

По доаѓањето на Леброн Џејмс во Филаделфија, обложувалниците тимот од Пенсилванија го сметаат з ачетврти фаворит за трофејот во сезоната 2026/27.