Кошарка
Реал по продолженија избори финале во Суперкупот на Евролигата
Во финалето на инаугуративното издание на Суперкупот на кошаркарската Евролига в сабота во Абу Даби ќе играат Реал Мадрид и Олимпијакос.
Шпанскиот клуб вечерва се пласираше во финалето, откако по продолженија го совлада Дубаи со 98:95 (18:27, 24:16, 22:20, 24:25, 10:7).
Реал до победата го предводеа Валтер Таварес и Тимоти Луваву-Кабаро со по 20 поени.
Најефикасни во редовите на Дубаи беа Ели Окобо со 24 и Двејн Бејкон со 19 поени.
Претходно денеска, Олимпијакос во првото полуфинале беше поуспешен од Фенербахче со 92-90.
Натпреварот за третото место е закажан за утре со почеток во 16 часот, а големото финале започнува три часа подоцна.
Првото издание на евролигашкиот Суперкуп во Абу Даби е увертира за новата сезона во Евролигата која ќе стартува на 24. септември.
септември 19, 2026
