Connect with us

Кошарка

Олимпијакос прв финалист во Суперкупот на Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос се пласираа во финалето на Суперкупот на Евролигата, откако денеска во Абу Даби го совладаа Фенербахче со 92:90 (20:25, 23:20, 26:33, 23:12).

Најефикасен играч актуелниот европски клупски шампион беше Еван Фурние со 19 поени, додека Жан Монтеро придонесе во триумфот со 13 поени.

Во тимот на Фенербахче, Шевон Шилдс беше најефикасен со 18 поени.

Олимпијакос во финалето ќе игра против победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Дубаи и Реал Мадрид.