Фудбал
Рамош: Ако постигнам гол против Бенфика, нема да славам
Фудбалерот на Милан, Гонсало Рамош, изјави дека нема да слави во случај да постигне гол против Бенфика во натпреварот од првото коло од Лигата на Европа.
Португалскиот репрезентативец до 2023 година настапуваше за Бенфика, од каде кариерата ја продолжи во ПСЖ, а од оваа сезона е член на миланезите.
– Ако постигнам гол, нема да славам, бидејќи Бенфика беше мој дом – поминав повеќе време таму отколку со моето семејство. Но, навистина сакам да постигнам гол. Но, не е важно дали јас ќе реализирам или не, главната работа е тимот да победи. Јас не сум главниот лик тука, изјави Рамош за официјалниот веб-сајт на УЕФА.
Натпреварот Милан – Бенфика ќе се игра вечер од 21 часот на „Сан Сиро“ во Милано
септември 16, 2026
