Фудбал
Мурињо: Никој не се досадува во натпреварите на Реал затоа што се толку возбудливи
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го коментираше триумфот од 3:2 над Елче во шестото коло од шпанското првенство синоќа на гостински терен.
„Кралевите“ за малку ќе испуштеа победа по водство со 2:0. Победничкиот гол го постигнаа во судиското надополнување.
– Мојата единствена критика е што Реал Мадрид не ги затвора натпреварите кога има шанса. Тоа им го кажав на играчите. Можевме да водиме со 3:0 или 4:0. Немаше апсолутно никаква причина повторно да ризикуваме да изгубиме бодови. Имавме многу шанси, но му дозволивме на Елче да се врати. Добрата работа е што во тешка ситуација, кога има притисок да се изгубат бодови, тимот реагира и победува. На крајот на краиштата, тоа е најважното нешто. Никој не се досадува во натпреварите на Реал Мадрид затоа што се толку возбудливи. Ми се допаѓа кога мојот тим постигнува голови, но исто така сакам тие да ја контролираат играта. Не станува збор за примање голови, туку за откажување од контролата врз играта. Противникот постигна гол од ништо и ние веќе им ја дадовме контролата врз играта, изјави Мурињо по мечот.
Реал Мадрид има 15 бода и е втор на табелата во шпанското првенство, додека Елче е 20. со два бода.
септември 16, 2026
