Connect with us

Фудбал

Ливерпул го елиминираше Тотенхем од Лига купот

Ливерпул синоќа на домашен терен го победи Тотенхем во третото коло од англискиот Лига куп со 3:1.

Головите за домаќините ги постигнаа Алексис Мекалистер во 21. минута, Коди Гакпо во 54. и Доминик Собослај во 90+1 минута.

Единствениот погодок за Тотенхем беше дело на Конон Галагер во 69. минута. Тотенхем постигна гол против тим од Премиер лигата за прв пат во сезоната 2026/27.

Лондонскиот тим е 17. на табелата во Премиер лигата. Тимот на Роберто Де Зерби има два бода од четири кола, не постигна ниту еден гол и прими пет.

Противникот на Ливерпул во четвртото коло од Лига купот ќе биде одреден на 16 септември со жрепка.