Останати спортови
Заврши серијата од 40 победи на Дуплантис
Двократниот олимписки и трикратен светски шампион во скок со стап, Арманд Дуплантис, не успеа да победи на домашен терен во својата дисциплина на Дијамантската лига 2026 година во Стокхолм, Шведска.
Тој заврши втор со прескокнати 5,80 метри, зад Австралиецот Маршал Кертис кој прескокна 5,90 метри.
Серијата од 40 победи на Дуплантис во скок со стап заврши. Швеѓанецот го држи светскиот рекорд во скок со стап со 6,31 метри.
јуни 9, 2026


