Вести
Христовски: Ризикот од терористички напади во земјава е низок, иако секогаш постои опасност од „волци самотници“
Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, а ризикот од терористички напади останува на ниско ниво каков што е подолг период и покрај глобалните трендови на зголемување – рече директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.
Сепак, тој предупреди дека и покрај ваквата проценка, не може целосно да се исклучи можноста од индивидуални акти на насилство, извршени од таканаречени „волци самотници“.
– Секогаш останува ризикот од индивидуални чинови на насилство, кои ние заедно со МВР и БЈБ во рамки на нашите надлежности и овластувања ги следиме во насока на тоа дека превенираме било какви активности кои може да доведат до нарушување на јавниот ред и мир и националната безбедност – истакна Христовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МВР.
Неговата изјава следува по безбедносните предупредувања што американските амбасади во Софија и Приштина ги упатија до своите државјани во пресрет на празничната сезона, повикувајќи ги на зголемена внимателност при престој и патување низ Европа.
ноември 18, 2026


