Connect with us

Свет

Катар на Иран му претстави нов предлог за завршување на војната

Катарските посредници на 25 октомври на Иран му претставија нов нацрт-договор за завршување на војната со САД и Израел, а одговорот од Техеран се очекува до крајот на неделата, изјави денеска неименуван извор.

Новиот предлог предвидува рок од седум дена за решавање на прашањата кои ги загрижуваат и Техеран и Вашингтон, со секојдневни чекори за изградба на доверба, што треба да ги преземат двете страни, наведе изворот.

Тој додаде дека процесот би можел да почне на почетокот од следната недела, а гаранција на договорот ќе бидат неколку држави.

Ad
Ad