Connect with us

Регион

Еднодневен штрајк во сите затвори во Белгија

Вработените во сите белгиски затвори денеска стапија во 24-часовен штрајк поради пренатрупаноста во затворите, недостиг на персонал, застарена инфраструктура и за зголемување на платите.

Како што тврдат синдикатите 599 затвореници спијат на под, односно 125 осуденици повеќе од пред две недели.

Причините се добро познати. Со години се бориме против структурната пренатрупаност, за која политичките власти се чини дека само набрзина смислуваат итни мерки. Укинувањето на практиката на спиење на подот и 285-те кревети за итни случаи во фламанските затвори, како и враќањето на планираниот капацитет за да можеме повторно да работиме на безбеден и одговорен начин, постепено станува утопија под оваа влада, се наведува во соопштението на синдикатите.