Регион
Атинскиот градоначалник потврди дека постојат исчезнати лица по експлозијата – спасувачките екипи продолжуваат со пребарување
Атинскиот градоначалник нагласи дека ситуацијата е многу тешка, а воедно го потврди она за што се стравуваше утрово дека неколку лица кои можеби останале заробени меѓу урнатините.
Има лица кои се водат како исчезнати. Ситуацијата е сложена, затоа внатре се и кучиња кои вршат пребарување. Ова се критични моменти и потребна е многу добра координација, посочи градоначалникот на Атина Харис Дукас по неговата посета на местото каде што рано утрово се случи силна експлозија, веројатно од истекување на природен гас во двокатна зграда во центарот на градот, јави дописничката на МИА од Атина.
Атинскиот градоначалник нагласи дека ситуацијата е многу тешка, а воедно го потврди она за што се стравуваше утрово дека неколку лица кои можеби останале заробени меѓу урнатините.
На прашањето на дописничката на МИА од Атина дали има податоци колку лица се водат за исчезнати, рече дека не може да каже ништо повеќе, бидејќи истрагата е во полн ек, а општината е присутна за да ги поддржи напорите.
Веднаш по експлозијата што се случи кусо по 7.30 часот утрово, првично противпожарните сили интервенираа за гаснење на малиот пожар што избувна, потоа го прекинаа снабдувањето со природен гас и започна потрагата по заробени лица под урнатините, а беа вклучени и кучиња.
Според неофицијалните информации, спасувачките екипи проверуваат дали во двокатната зграда во моментот на експлозијата престојувале брачниот пар, кој живее на вториот кат и тројца туристи кои биле сместени во Ер-Би-Ен-Би на првиот кат.
септември 25, 2026
