Свет
Песков: СБ на ОН треба да го зголеми бројот на постојани земји членки
Русија верува дека Советот за безбедност на Обединетите нации треба да го зголеми бројот на постојани членки над сегашните пет и оти постојниот систем на вето треба да остане во сила – соопшти денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање за апелот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за укинување на постојаните членки и правото на вето, истакна дека Русија сака СБ да се реформира и да се зголеми бројот на постојани членки.
Ердоган долго време го критикува СБ на ОН истакнувајќи оти постојани членки со право на вето (Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД) не го одразуваат составот на меѓународната заедница и не се во можност да носат брзи одлуки.
– Во исто време, веруваме дека институцијата на постојани членки на Советот за безбедност, како и правото на вето, се многу важен елемент на целата структура на Обединетите нации – истакна Песков
септември 23, 2026
