Свет
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг во тридневна државна посета на Вашингтон
Кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, денеска ќе допатува во Вашингтон на тридневна државна посета на покана на американскиот претседател Доналд Трамп.
Темите за кои најверојатно ќе разговараат вклучуваат царини и трговскиот спор меѓу двете земји, но и безбедносни прашања поврзани со вештачката интелигенција и глобалните конфликти, како што се војната во Иран и руската воена интервенција во Украина, јави германската агенција ДПА.
Трамп подготви обемна програма што ќе трае до петок, со воена парада, свечен прием на кој ќе присуствуваат челници на технолошки компании и приватна чајанка во Белата куќа.
Тоа ќе биде прва посета на Шји на Соединетите Американски Држави од 2023 година, кога отпатува во сојузната држава Калифорнија на состанокот на форумот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК) и се сретна со претходникот на Трамп, Џо Бајден.
Трамп го покани Шји во Белата куќа за време на неговата посета на Пекинг во средината на мај.
септември 23, 2026
