Општини
Православните верници ја прославија Мала Богородица во манастирот Матејче
Голем број верници од Куманово денеска присуствуваа во манастирот Матејче во чест на православниот празник посветен на раѓањето на Пресвета Богородица. Манастирот сместен во раскошната природа во липковскиот регион, привлекува голем број верници од Куманово, токму на 21 септември кога се слави раѓањето на Богородица.
Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, отслужи божествена литургија.
Храмот посветен на Богородица, лоциран над селото Матејче, е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва. Сместен е на планинскиот масив на Скопска Црна Гора, манастирот ги отсликува врвовите на средновековната ликовна продукција на македонската територија. Манастирската црква е изградена во XIV век.
Претходно, комплексот во којшто имаше и детско одморалиште беше омилено место за рекреација на учениците и граѓаните од Куманово.
септември 22, 2026
