Connect with us

Култура

Премиерна изведба на „Нона“ во велешкиот театар

На големата сцена на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Нона“ според делото на Роберто Коса, режија на Дамјан Костовски. Драматург е Катерина Момева, сценограф Филип Коруновски, костимограф: Марија Пупучевска, кореограф: Кренаре Невзати. Изборот на музиката е на Кренаре Невзати и Дамјан Костовски.

Во претставата играат: во главната улога на Нона – Фаик Мефаилоски, во улогата на чичо – Кире Ацевски, Кармело – Благојчо Стојанов, во улогата на Мариа – Кети Борисовска Ањула – Славица Манаскова, Дон Франциско – Васил Зафирчев и во улогата на Марта – Талија Ѓорѓиева.

Работно време на билетарата на велешкиот театар е од 10 до 14 часот и од 18 до 20 часот.

Цена на билет за премиера е 500 денари, а за реприза 300 денари.

Од велешкиот театар најавија дека репризи на претставата „Нона“ ќе има на 14 септември (понеделник) и 29 септември (вторник).