Connect with us

Технологија

„Амазон“ годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за зајакнување на инфраструктурата за вештачка интелигенција

„Амазон“ вчера соопшти дека само годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за проширување на својата инфраструктура за вештачка интелигенција наведувајќи ги нагло повисоките цени на мемориските чипови и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет – јавува ДПА.

Главниот извршен директор Енди Џаси на конференциска врска со аналитичарите ја зголеми прогнозата на компанијата за капитални расходи на 220 милијарди долари од претходните 200 милијарди долари додавајќи дека дури и тоа ниво на инвестиции нема да биде доволно за да се задоволи побарувачката на клиентите за ресурси за cloud computing.

Тој додаде дека дебалансот помеѓу понудата и побарувачката веројатно ќе продолжи и во 2027 година.

Компанијата за е-трговија и технологија беше главен корисник на бумот на вештачката интелигенција преку својот cloud бизнис „Амазон веб-услуги – АВС“ (Amazon Web Services – AWS), најголемиот светски снабдувач на инфраструктура за cloud computing.

Приходите на АБС се зголемија за 37 отсто во однос на претходната година на 42,2 милијарди долари во вториот квартал надминувајќи ја просечната процена на аналитичарите од речиси 40,5 милијарди долари.

Џеси рече дека „Амазон“ веќе гледа „извонредна“ побарувачка за 2028 година и дека компанијата сега верува дека АБС на крајот би можел да генерира повеќе од еден трилион долари годишен приход.

По објавувањето на кварталните резултати, акциите на „Амазон“ пораснаа за дури 10 отсто во продолженото тргување, пренесе ДПА.

Вкупните квартални приходи на компанијата се зголемија за 20 отсто во однос на претходната година на 200,6 милијарди долари.

Нето-добивката скокна на приближно 62,65 милијарди долари од 18,1 милијарди долари една година претходно, иако бројката вклучува 53,4 милијарди долари добивки пред оданочување, вклучително и од ревалоризацијата на уделот на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција „Антропик (Anthropic).

Џеси рече дека трошоците за инфраструктура во моментот се зголемени бидејќи „Амазон“ гради центри за податоци од темел. По завршувањето, рече тој, се очекува објектите да траат повеќе од 30 години, а компјутерскиот хардвер во нив ќе треба да се заменува само на секои пет-шест години, пренесе ДПА.