Кошарка
ТФТ се засили со репрезентативец на Гвинеја
Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје ги засили своите редови со репрезентацијата на Гвинеја, Секу Сила.
Опишувајќи го своето ново засилување како „машина за дабл – дабл“, ТФТ објави дека станува збор за кошаркар кој минатата сезона настапувал за шведскиот прволигаш Копинг Старс, со просек од 21,6 поени и 10,7 скокови по натпревар.
„Во текот на својата кариера Сила настапувал и во САД (NCAA Дивизија I и II), Австралија, Финска, Словачка, Македонија, Шведска и Доминиканската Република, постојано докажувајќи се како еден од најпродуктивните центри на теренот“, стои во клупското соопштение.
ТФТ во моментов ја очекува одлуката на жалбата што ја поднесе на одлуката на КФСМ да не добие лиценца за настап во следната сезона поради неплатени долгови кон македонската кошаркарска федерација
јули 31, 2026
