Кошарка
НБА: Дрејмонд Грин уште една сезона во Голден Стејт
НБА лигашот Голден Стејт Вориорс ја продолжи соработката со својот трофеен кошаркар Дрејмонд Грин за уште една сезона.
Триесетишестгодишниот Грин се согласи да остане во Вориорс, чиј член е од 2012 година, за годишна плата од 27,7 милиони долари.
Грин девет пат во својата кариера беше избран во најдобриот дефанзивен тим на сезоната, а во 2016/2017 беше прогласен и за најдобар одбранбен играч во НБА.
Со Вориорс освои четири шампионски титули (2015, 2017, 2018, 2022), а ги загуби финалињата во 2016 и 2019.
Минатата сезона, Грин имаше просек од 8,4 поени, 5,5 скокови и 5,5 асистенции, додека неговиот просек во кариерата е 8,7 поени, 6,8 скокови и 5,6 асистенции.

