Фудбал
Трансферот на Андерсон во Сити втор најскап во англискиот фудбал
Англискиот фудбалски репрезентативец Елиот Андерсон (23) ги напушти редовите на премиерлигашот Нотингем Форест и ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Сити.
Андерсон, како што јавија синоќа британските медиуми, стави потпис на петгодишен договор со Сити, а Форест ќе добие обесштетување од 135 милиони евра, што е втора највисока компензација во историјата на англискиот фудбал.
Рекордот сè уште му припаѓа на Ливерпул, кој минатото лето потроши околу 146 милиони евра за да го доведе шведскиот играч од средниот ред Александар Исак од Њукасл.
„Манчестер Сити е еден од најголемите клубови во светот, а нивниот состав е неверојатен, толку силен на секоја позиција. Штом дознав дека ме сакаат, бев решен да го остварам овој трансфер. Како фудбалер, сакате да се тестирате на највисоко ниво. Тоа што сум во Сити значи дека имам таква можност“, изјави Андерсон.
Тој ја почна кариерата во Њукасл од каде во 2024 година му се приклучи на Нотингем Форест. Дебитираше за репрезентацијата на Англија во септември 2025 година против Андора и оттогаш одигра 17 во националниот тим, вклучувајќи ги и сите седум натпревари на англиската репрезентација на Светското првенство 2026.

