Connect with us

Фудбал

Барселона неколку недели без повредениот Де Јонг

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, ќе биде надвор од терените неколку недели откако шпанскиот првак објави синоќа дека холандскиот репрезентативец се вратил од Светското првенство со скинати лигаменти на коленото.

Дваесетидеветгодишниот Де Јонг со бандажирано колено настапи на Мундијалот на кој Холандија дојде до осминафиналето во кое беше елиминирана од Мароко на пенали.

„Повредата е посериозна отколку што првично се мислеше. За среќа, во моментов не е потребна операција и сега сум целосно фокусиран на моето закрепнување“, напиша Де Јонг на својот Инстаграм профил.

Барселона ќе ја почне одбраната на својата трета последователна титула во шпанското првенство на гостински терен против Елче на 23 август.