Фудбал
Бразилски репрезентативец пред трансфер во Арсенал
Репрезентативецот на Бразил и член на премиерлигашот Њукасл, Бруно Гимараеш сака да ја смени средината и да потпише договор со првакот на Англија, Арсенал. Клубот од Лондон е подготвен да плати 70 милиони фунти за капитенот на Њукасл.
Фудбалерот на Њукасл е еден од посакуваните од страна на менаџерот на Арсенал, Микел Артета. Тој самиот искажал подготвеност за промена на средината, а за тоа го информирал и својот сегашен клуб.
Останува да се види дали Њукасл ќе се сложи на трансфер.
Гимараеш во Њукасл стигна во 2022 година од француската екипа Олимпик Лион, а добрите настапи во „црно-белиот“ му ја донесоа и капитенската лента во Њукасл. Предност да Гимараеш е тоа што нема да му биде потребно да се адаптира на Премиер лигата.
јули 25, 2026
