Connect with us

Општини

Направен увид во физичкиот развој и здравствената состојба на 1.750 ученици во Кавадарци

Успешно е реализиран проектот за мерење на „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите“, со кој беа опфатени вкупно 1.750 ученици од сите општински основни училишта на територијата на Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

– Проектот овозможи сеопфатен увид во физичкиот развој и здравствената состојба на учениците, навремено информирање на родителите за евентуални отстапувања и потреба од дополнителна грижа, како и препознавање на спортските потенцијали и таленти кај децата – соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму истакнаа дека со ваквите активности, Општина Кавадарци ја потврдува својата заложба за унапредување на здравјето на младите генерации, поттикнување на здрави животни навики и создавање услови за правилен раст, развој и активно учество во спортот.

– Инвестирањето во децата и младите претставува инвестиција во иднината на нашата заедница, а Општината и понатаму ќе продолжи да поддржува проекти што придонесуваат за нивната благосостојба и квалитет на живот – подвлекоа од градоначалничкиот кабинет.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1