Connect with us

Општини

Кочанскиот градоначалник Грозданов потпиша Меморандум за соработка со МПЦ “Света Недела“ од градот Ајакс, Канада

Градоначалнкот на  Општина Кочани Владко Грозданов оствари средба со претставници на Македонската православна црква „Света Недела“ од Ајакс, Онтарио, Канада.

На средбата, која се одржа вчера доцна попландне, се разговарало за досегашната соработка, како и за можностите за нејзино натамошно унапредување преку заеднички активности и иницијативи од интерес за граѓаните и македонската заедница во Канада.


-Во таа насока беше потпишан и Меморандум за соработка, со кој двете страни ја потврдија својата заложба за продолжување на успешната комуникација и соработка во областа на културата, хуманитарните активности и негувањето на духовните и традиционалните вредности, информираат од Општината.

Средбата претставува уште еден чекор кон продлабочување на врските и градење партнерства кои придонесуваат за меѓусебно поврзување и поддршка, смета кочанскиот градоначалник Владко Грозданов.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1