Connect with us

Останати спортови

Селекторот Гавриловиќ го објави списокот за Порто и Аликанте

Селекторот на женската македонска одбојкарска репрезентација, Милош Гавриловиќ го дефинираше списокот од 14 репрезентативки кои ќе го понесат товарот на првите два турнира од годинешното издание во Европската лига, кои истовремено се и дел од циклусот за квалификации за Европското првенство во 2028 година.

По последните тренинзи отпаднаа интернационалката Добрина Хаџи Тосева и младата 16-годишна Андреа Митиќ, на кои секако ќе смета во средните репрезентативни акции. Премиерно во А селекцијата шанса добиваат примачот Даниела Горбок и средниот блокер Стефанија Кипријановска.

На првите четири натпревари Гавриловиќ ќе смета на: Ерјона Јонузи, Софија Пандева, Мери Бошкова, Андротеа Милевска, Мила Дикова, Теа Терзиевска, Љиља Ковачевиќ, Даниела Горбок, Ана Фасулева, Емилија Попјордановска, Надица Антевска, Ива Стојкоска, Марија Василевска и Стефанија Кипријановска.

Репрезентацијата до четврток ќе тренира во Скопје, додека в петок рано наутро патува за Порто, каде на 6 јуни ќе игра со Унгарија, а на 7 јуни ривал е домаќинот Португалија. По завршувањето на настапот на првиот турнир репрезентацијата продолжува директно во Аликанте, Шпанија. На вториот турнир, на 12 јуни е дуелот со Шпанија, додека ден подоцна противник е Азербејџан.

Последниот, трет турнир од Европската лига 2026, Македонија го игра пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 19 до 21 јуни кога ќе ги пречека Словенија и Хрватска. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1