Останати спортови
Миленковски го одреди списокот за дуелите со Холандија и Луксембург
Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски го одреди списокот од 14 одбојкари на кои ќе смета за дуелите со Холандија и Луксембург во првиот турнир од годинешното издание во Европската лига 2026 што се игра во Струмица. По повредата на Александар Љафтов, селекторот беше принуден да ги остави сите комбинации во игра. На последниот пресек за овој турнир на трибините ќе остане младиот техничар Лука Ристоски, додека Ване Арапов останува во тимот, но ќе има улога на примач наместо либеро.
Македонскиот селектор се реши за следниве одбојкари за двата дуела: Филип Јованов, Ѓорѓи Ѓоргиев, Томче Ефремов, Никола Ѓорѓиев (капитен), Владо Милев, Ване Арапов, Давид Стојанов, Митко Спасов, Кристијан Илеив, Филип Маџунков, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Костадин Ричлиев и Филип Савовски.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра вечерва, 19 часот, во салата „Парк“ во Струмица.
јуни 5, 2026


