Connect with us

Општини

Награден литературен конкурс во чест на 12 Ваташки младинци

Награден литературен конкурс во чест на 12 Ваташки младинци, организира Здружението на поети и писатели „Тиквешки цветови” од Кавадарци. Оттаму појаснија дека станува збор за прва Моклишка манифестација 2026 година, под наслов, „Дванаесет тивки ѕвезди – 1943″. 

– Темата е, дванаесет Моклишки – Ваташки младинци. Почесни гости ќе бидат блиските роднини на убиените ваташки младинци од 1943 година. Секоја година, ќе се издава и алманах, со песни и раскази од манифестацијата – појаснија од Здружението. 

На конкурсот пристигнале творби од автори од целата држава, но и од Белгија, Германија, Канада, Италија, Хрватска. Притоа информираа дека читањето на творбите и доделувањето на наградите ќе биде на 13 јуни во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Од здружението соопштија дека настанот е под  покровителство на Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1