Општини
Средба Хоџа – Варанк: Зајакнување на соработката со Турција во пресрет на COP31
Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски промени на Република Турција.
На средбата, како што соопштија од МЖСПП, биле разменети мислења за актуелните климатски предизвици, енергетската транзиција и подготовките во пресрет на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP31, која ќе се одржи во Анталија.
Соговорниците ја истакнале важноста на билатералната и регионалната соработка во справувањето со климатските промени, како и потребата од забрзување на имплементацијата на климатските политики преку инвестиции, размена на знаења и заеднички иницијативи.
Министерот Хоџа го поздравил ангажманот на турското претседателство со COP31 и ја нагласил подготвеноста на Македонија активно да придонесува во процесите што ќе водат кон конкретни резултати за регионот.
јуни 2, 2026
