Connect with us

Хроника

Тешко повреден 24-годишник при работа на градилиште во Кавадарци

Со тешка телесна повреда во Општата болница во Кавадарци бил донесен 24-годишниот А.К. од Република Турција. Случајот бил пријавен во ОВР – Кавадарци вчера во 12:25 часот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи на градилиште во Кавадарци – се додава во соопштението на СВР – Велес.

Известени биле јавен обвинител и инспектор за странци. Увид извршиле трудов инспектор и увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3