Connect with us

Општини

Со пари од Министерството за транспорт комплетно се реконструира улицата „5 Ноември“ во Струмица

Со финансиски средства во износ од 2.416.108 денари, обезбедени од Министерството за транспорт целосно се реконструира улицата „5 Ноември“ во Струмица, соопштија од Општината.

Носител на проектот е локалната самоуправа, а улицата се реконструира во стар урбан блок 6, на потегот од улица „Славчо Стојменски“ до улица „Ѓорги Василев“.

-Во рамки на проектот предвидена е реконструкција на постојната инфраструктура, вклучително и замена на старите колектори со нови, како и подолжните шахти во должина од околу 200 метри, се наведува во соопштението од Општина Струмица.

Оттаму ги информираат граѓаните додека траат градежните активности ќе има времен режим на сообраќај и се апелира да го почитуваат