Connect with us

Хроника

Приведен маж од Кумановско, запленети над 1.000 парчиња шверцувана стока

Триесет и шест годишен маж од Кумановско вчера е приведен од припадници на програничната полиција поради сомнение за шверцување  стока.

– На 17.9.2026, околу 19.50 часот, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН Белановце при РЦГР Север од слобода е лишен С. С. (36) од с. Гошинце поради основано сомнение за сторено кривично дело шверцување по чл. 278 од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Имено, во реонот на с. Липково од страна на полициски службеници бил даден знак за запирање на товарното возило „мерцедес спринтер“, управувано од С. С., но тој не застанал и продолжил со движење кон с. Отља, каде што, по преземените мерки од страна на полициските службеници, возилото било запрено.

При извршениот преглед на возилото биле пронајдени 320 парчиња текстил, 28 парчиња обувки, 350 парчиња техничка стока, 78 парчиња лекови, 76 парчиња козметика, шест дела за возила и 377 парчиња друга стока, сите без соодветна документација.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно документирање на случајот, против С. С. ќе биде поднесена соодветна пријава.