Connect with us

Формула 1

Волф: Антонели делува како искусен возач

Лидерот во генералниот пласман во Ф1, Кими Антонели има голема предност и со 292 бода е прв, а неговиот клупски колега од Мерцедес Џорџ Расел е втор со 211 бодови. Скај спорт ја пренесе изјавата на Тото Волф, директорот на Мерцедес.

– Тоа е неверојатно како ова момче може да направи разлика. Да биде сосема обичен млад човек, а потоа да седне во болидот и да биде искусен возач, изјави Волф.

Тој напомена дека ниту Антонели, ниту тимот не исклучуваат на следните трки да се случат непредвидени ситуации. Така може и нешто што е практично освоено едноставно да се „лизне“ од рацете.

Следната трка во шампионатот на Ф1 ќе се вози на 26. септември во Баку за Големата награда на Азербејџан.