Connect with us

Хроника

Угинат коњ во близина на изворот Шум, животното отстрането нема опасност за водата

Угинат коњ, фрлен на ридовите над изворот Шум, од каде Струга се снабдува со вода за пиење предизвика загриженост во Општина Струга и јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Директорот на струшки водовод Јованчо Мечкароски информира дека на терен излегле инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и од комуналното претпријатие и оти изворите не се во опасност бидејќи животното веднаш било отстрането.

– На терен веднаш излегоа инспектори и по извршениот увид подигнато е угинатото животно. Сопственикот е пронајден по чипот, кој го имал коњот и институциите ќе постапат според законите, изјави Мечкароски.

Тој појасни дека во моментов градот Струга со вода се снабдува од изворите во Горна Белица со доток од 380 л/с и матност од 0.6 NTU. 

Ситуацијата, како што соопшти Општина Струга, дополнително била алармантна поради врнежите од дожд, бидејќи атмосферските води можат да пренесат токсини и опасни материи од угинатото животно кон изворот на вода, создавајќи потенцијален ризик од загадување на водите.

–  Изворот Шум е подрачје од особено природно значење и секоја ваква неодговорност претставува сериозна закана за екосистемот и граѓаните. Сепак, од надлежните институции информираат дека водата во моментов е безбедна за пиење и дека состојбата на терен постојано се следи со цел да се избегне каков било можен ризик, стои во информацијата.

Фрлањето угинати животни на отворени површини и во близина на водни извори, според Општина Струга не е само неодговорен чин, туку и директна опасност за јавното здравје и животната средина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4