Connect with us

Општини

Претприемничка недела во Битола за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија „Се развиваме заедно“

Во организација на Факултетот за информатички и комуникациски студии (ФОКТ), универзитетска единица на УКЛО, од денес и во наредните денови се одржува претприемничка недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија „Се развиваме заедно“.

Во реализацијата на активностите вклучени се околу 80 студенти и 15 професори од УКЛО Битола и Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн, Швајцарија, како и повеќе од 10 компании од нашата држава.

-На Општина Битола, како и на фирмите во градот, јавните претпријатија потребни им се луѓе со претприемачки дух, луѓе кои се дел од модерните текови и имаат визија за иднината. Претприемачката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија ќе охрабри многумина да соберат храброст и својот потенцијал да го инвестираат во нови и иновативни решенија кои ќе го подобрат нашето секојдневие и иднина, истакна градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, на свеченото отворање организирано од ФИКТ Битола.

Учесниците и гостите на манифестацијата претприемничка недела во Битола за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија „Се развиваме заедно“ ги поздравија и ректорот Игор Неделковски, деканот Благој Ристевски, заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Швајцарија Михал Харари и гостинот од Луцерн, Рене Зеиер.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4