Connect with us

Свет

Португалската католичка црква ќе им исплати 1,6 милиони евра на жртвите на злоупотреба

Португалската бискупска конференција на Католичката црква денеска соопшти дека 57 жртви кои биле сексуално злоупотребени од свештеници ќе добијат вкупно 1,6 милиони евра отштета.

Комисија финансирана од црквата во февруари 2023 година откри дека најмалку 4.815 деца и ранливи возрасни лица во Португалија биле жртви на сексуална злоупотреба од католички свештеници во текот на изминатите 70 години, од кои некои поднеле барања за отштета.

„Финансиската отштета не го брише она што се случило, ниту ги поништува последиците од злоупотребата во животите на засегнатите … Уште еднаш се извинуваме за целата предизвикана штета“, соопшти Португалската бискупска конференција (ЦЕП).

ЦЕП соопшти дека само 95 лица побарале отштета во текот на периодот на аплицирање, при што 67 имале право на отштета, а останатите биле одбиени поради тоа што не ги исполниле условите.

Досега се одобрени 57 барања за отштета, со исплати кои се движат од 9.000 до 45.000 евра по лице. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1