Вести
Уапсени четворица поврзани со убиствата во Ѓорче, ОЈО бара притвор
Полицијата уапси четворица за кои постои сомнеж дека се сторители или поврзани со двата случаи на убиство во Ѓорче Петров. Убиствата ги сториле при разбојништво, односно при кражба.
„СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026. Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од МВР
Обвинителсвото побара кус притвор време кога треба да ги прибави доказите и да излезе со информации за истрага.
„Лишени се од слобода 4 лица и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, соопштија од Обвинителството.
октомври 28, 2026

