Вести
Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој утре ќе престојува во официјална посета на земјава.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, предвидена е тет-а-тет средба на министрите Муцунски и Бланар, по што ќе следи пленарна средба на двете делегации.
Според агендата, во 11:05 часот предвидена е заедничка прес-конференција на министрите Муцунски и Бланар, со можност за поставување прашања од медиумите.
октомври 28, 2026

