Connect with us

Свет

Северна Кореја соопшти дека тестирала крстосувачки ракети со долг дострел

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун надгледуваше тест на две крстосувачки ракети со долг дострел, јави денеска државната новинска агенција КЦНА.

Вежбата беше спроведена вчера под надзор на Ким, соопшти агенцијата. Пјонгјанг наведе дека по лет од речиси три часа, ракетите ги погодиле предвидените цели во Жолтото Море, во близина на западниот брег на земјата.

КЦНА пренесе дека Ким ја опишал вежбата како одговорно извршување на правото на самоодбрана и одвраќање од војна.

Иако на Северна Кореја со резолуции на ОН ѝ е забрането да лансира и да тестира балистички ракети од кој било дострел, Пјонгјанг значително ги прошири своите ракетни тестови во текот на изминатите години, истовремено заострувајќи ја реториката против Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја. Земјата исто така ја зајакна својата воена соработка со Русија, пренесува ДПА.

Крстосувачките ракети не се експлицитно опфатени со забраната на ОН. Сепак, поради нивната ниска надморска височина на лет и висока маневарска способност, овие ракети се сметаат за потенцијална закана, особено за соседна Јужна Кореја, бидејќи радарските системи многу потешко ги детектираат во споредба со балистичките ракети.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1