Connect with us

Фудбал

Олмо пред нов трансфер, а пари ќе има и за Динамо Загреб

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона, Дани Олмо повторно е во центарот на вниманието. Тој за Барселона сезонава ги одигра сите натпревари (седум), но стартер беше само на две. Тренерот Ханси Флик поради големата конкуренција често ротира со составот.

Олмо беше дел од шампионскиот состав на Шпанија на Светското првенство како и пред две години на Европското првенство. Според информациите на Скај Спорт, Германскиот шампион Баерн има желба да го има 28-годишниот фудбалер во своите редови. Трансфер би можел да се случи и во јануари.

Тимот од Минхен подолго време го „следи“ Олмо, а шпанскиот репрезентативец имаше одлични четири сезони и како член на германската екипа Лајпциг. Евентуален трансфер е можен особено ако се случи Џамал Мусиала или Мајкл Олисе да го напуштат Баерн, тогаш Олмо ќе биде прв избор. Во Баерн знаат дека нема лесно да дојдат до Олмо и неговата вредност се проценува на околу 70 милиони евра. Инаку, Олмо има договор со Барселона до 20230 година.

Олмо потекнува од школата на Барселона, но на 16 години мина во Динамо Загреб каде стекна вистинска афирмација. Во 2020 година тимот од Загреб го продаде во Лајпциг за 29 милиони евра, а потоа имаше уште 5,2 милиони евра од трансферот во Барселона од Лајпциг. Динамо доби и пари од ФИФА механизмот на солидарност, а поради годините минати во клубот ќе добие и 2,5 отсто при следниот трансфер на играчот.