Култура
Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на затворање на ИФФК „Браќа Манаки“
Со македонска примиера на филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, во кое кинематографер е Дејан Димески, вечер во Битола завршува ИФФК „Браќа Манаки“.
Станува збор за политички трилер со елементи на црна комедија, во чиј фокус се борбата за вистината, слободата на новинарството и обидот да се зачуваат личниот и професионалниот интегритет во општество во кое политиката, криминалот и медиумите се длабоко испреплетени.
Идејата за филмот е на Срѓан Јаниќијевиќ, сценариото е на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, додека кинематографер е Дејан Димески, конкурент за главните награди на фестивалот.
Во филмот настапуваат актерите Никола Ристановски, Дарја Ризова, Сашко Коцев, Сара Сандева и Оливер Митковски.
Пред проекцијата на филмот, а според востановената традиција, на сцената во Битола ќе бидат доделени златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, мала „Камера 300“, како и други фестивалски признанија и награди за кинематографери кои со својот професионализам се истакнаа на 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
септември 25, 2026
