Свет
Две згради се урнаа во Мароко, 19 лица загинаа
Две четворокатни станбени згради се урнаа во мароканскиот град Фес, при што загинаа 19 лица, соопштија денеска локалните власти.
Мароканската државна новинска агенција информира дека во двете згради биле сместени осум семејства.
Шеснаесет лица се повредени во несреќата и се пренесени на лекување во најблиската болница.
Властите наведоа дека населбата е евакуирана и дека потрагата и спасувачките активности продолжуваат.
Причината за уривањето засега не е позната, ниту пак бројот на лицата кои се водат како исчезнати.
Фес е втор најголем град во Мароко и е еден од домаќините на годинашниот Куп на африкански нации, како и на Светското првенство во фудбал во 2030 година.
декември 11, 2025


