Connect with us

Свет

Молдавија ја повика Русија на одговорност за нарушување на воздушниот простор со дронови

Молдавија вчера го повика рускиот амбасадор за да изрази остар протест поради најновото нарушување на нејзиниот воздушен простор од руски дронови и ја повика Москва да преземе мерки за спречување на понатамошни вакви случаи.

Молдавија постави урнат руски дрон пред Министерството за надворешни работи како драматична дипломатска порака до рускиот претставник.

Проевропската Влада на Молдавија го осуди упадот на руските сили во Украина и ја обвинува Москва за обиди за дестабилизација на Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија.

Молдавските власти во вторникот забележале нарушување на нејзиниот воздушен простор од шест руски дронови.

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека инцидентот е „апсолутно неприфатлив“ и претставува „сериозно кршење на молдавскиот суверенитет и директна закана за националната и регионалната безбедност“.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1