Connect with us

Фудбал

Погба викендов ќе дебитира за Монако

Францускиот фудбалер Пол Погба претстојниот викенд во дресот на Монако ќе го има своето деби во Лига 1, објави весникот „Л’Екип“.
Погба нема официјален натпревар од 3 септември 2023 година, кога влезе од клупата за Јувентус против Емполи. Еден месец подоцна, тој доби четиригодишна забрана по позитивен допинг тест. Казната подоцна му беше намалена на 18 месеци.
Пред една година, неговиот договор со Јувентус беше раскинат, а во летото потпиша двегодишен договор со францускиот прволигаш Монако.
Монако е шестопласиран во француското првенство, а во Лигата на шампиони е на 19 место по четири одиграни натпревари.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2