Фудбал
Манчестер јунајтед заинтересиран за Адејеми
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, објави денеска весникот „Билд“.
Истиот извор наведува дека премиерлигашот ја след ситуацијата со 23-годишниот напаѓач по конфликтот во неговите односи со тренерот Нико Ковач. Клубот од Манчестер добил информации за германскиот крилен играч од неговиот агент, Жорже Мендеш.
Борусија се обидува да го обнови договорот на Адејеми, но двете страни засега се далеку од договор.
Оваа сезона, Адејеми одигра 14 натпревари за Борусија, на кои постигна три гоови.


