Кошарка
НБА сензација – двајца играчи имаат драстични промени во висината

Нова сензација во НБА лигата, двајца играчи имаат различни бројки во висината едниот „загубил“ сантиметри, а вториот има „повеќе“.
Новиот играч на Шарлот Хорнетс – Колин Секстон „загубил“ седум сантиметри на официјалното мерење пред почетокот на сезоната. Бекот кој беше висок 190,5 сантиметри, според новите податоци има 183 сантиметри.
Разликата од околу осум сантиметри предизвика бура прашања кај навивачите и аналитичарите. Се шпекулира дека ваквата промена кај бројките може да биде од причина што според новите методи во НБА од последните години играчите се мерат боси, без патики.
За разлика од Секстон, Французинот Виктор Вембањама (Сан Антонио) покрај тоа што доби на тежина (+13 килограми пред се мускулна маса) има плус пет сантиметри или сега е висок 226 сантиметри. Според американските новинари францускиот репрезентативец би можел да „порасне“ до 231 сантиметри, колку што имаа највисоките играчи во НБА лигата Мануте Бол и Георге Мурешан.
октомври 18, 2025