Кошарка
Леброн би можел да се врати во Лејкерс кон средината на ноември

Четирикратниот шампион на НБА и член на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, би можел да се врати на теренот кон средината на ноември, објави новинарот на ESPN, Шамс Чаранија.
Ова е најверојатното време за враќање на кошаркарот, иако самиот Леброн нема намера да брза со неговото закрепнување. Четириесетгодишниот Џејмс се бори со воспаление на ишијасниот нерв – веќе неколку месеци.
Минатото лето, Леброн размислуваше за пензионирање, но ја одложи одлуката. Минатата сезона, тој постигнуваше просек од 24,2 поени по натпревар во регуларната сезона на НБА и 25,4 поени во пет натпревари од плејофот.
НБА сезоната започнува на 21 октомври. Лејкерси во првото коло ќе играат против Голден Стејт вориорс на домашен терен.
октомври 16, 2025