Фудбал
Чуамени во Реал до 2032
Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени го продолжи договорот со мадридски Реал до 30 јуни 2032 година, објави денеска Кралскиот клуб.
Чуамени дојде во мадридскиот клуб во 2022 година и во текот на пет сезони одигра 205 натпревари и освои осум трофеи.
Французинот во дресот на Реал ја освои Лигата на шампиони, два интерконтинентални купа и две титули на светското клупско првенство, два Суперкупа на УЕФА, една титула во шпанското првенство, еден Куп на кралот и еден Суперкуп на Шпанија. Тој зад себе има 50 настапи за француската репрезентација со која ја освои Лигата на нации во 2021 година.
ноември 20, 2026


