Connect with us

Регион

Мицотакис: Пораките од студентскиот бунт во 1973 година се национален компас за иднината на Грција

Смелоста на студентите од 1973 година, нивната храброст и верба во демократијата, денес стануваат национален компас со поглед кон Грција во 2030 година. Постојан потсетник дека кога чекориме „Сите обединети“, сме посилни пред тешкотиите во свет со економска несигурност и геополитички пресврти, напиша на Фејсбук грчкиот премиер Кирјакос Мицотаки по повод 53-годишнината од студентскиот бунт против воената хунта, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека Грција сега е „стабилна земја, која секојдневно се залага за подобар живот за сите“, напиша дека градат заштита против високите трошоци за живот предизвикани од меѓународната инфлација, дека ги поддржуваат приходите на граѓаните, а истовремено ја зајакнуваат „одбраната и меѓународното присуство на земјата повеќе од кога било досега“.

– Пораките на Политехничкиот факултет се претвораат во современи патокази за Грција каква што ја посакуваме. Чекорејќи напред. Со сигурност, континуитет и доследност!, напиша Мицотакис на Фејсбук

Студентскиот бунт на 17 ноември 1973 година беше под слоганот „Леб, образование, слобода“ и започна од Политехничкиот факултет во Атина.

Ad
Ad